ГРИЖА И ХРАНЕЊЕ НА КУЧКИ ВО ЛАКТАЦИЈА

Докажано е дека мајчиното млеко е најдобра храна за новородените. Направени се студии со неколку раси за да се покаже поврзаноста на кондицијата на мајката со создавањето на млеко со висока нутритивна вредност. Студиите потврдиле дека мајката ке произведе доволно квалитетно млеко за нејзиниот потомок дури и ако нејзината кондиција е намалена.
За совесните одгледувачи , предизвик е да се обезбеди добра храна за мајката која преку млекото ке ги задоволи потребите на малите, а во исто време ке ја одржи кондицијата на мајката. Многу е полесно да се постигне оваа цел ако кучката пред парењето била во добра кондиција. Нормално е кучката да ја намали својата тежина за време на лактацијата но не повеке од 10 % од тежината. Една од особините што фасцинираат во периодот на доењето е промената на нутритивната вредност на млекото во лактациониот период. Така содржината на млечна маст варира од 2,4 % во почетокот, 5% во средината на лактацијата и 2,6% пред одбивањето. Калциумот е на исто ниво за цело време, а магнезиумот, цинкот и железото се варијабилни. Времето на лактацијата е еден процес на ,,конзумирање на енергија,, а за тоа е потребно внес на добра и квалитетна храна. После окучувањето потребата на калории се зголемува за 200% во однос на периодот пред парењето. Со други зборови кучката треба да јаде два пати повеке од времето пред парење.
Најлесен начин за обезбедување доволно калории за производство на млеко и плус за одржување е преку исхрана со т.н. ,, performance,, храни. Овој тип на храни обезбедуваат високо ниво на енергија . Исто така овие performance типови на храна имаат избалансирана формула која ке ги задоволи потребите на мајката за целиот период на лактација а кутрињата ке бидат силни и витални. Кога кучката ке биде хранета со високо дигестивна и енергетска храна други додатоци нема да и бидат потребни . Ова е наједноставниот и најевтиниот метод на хранење на кучка во период на лактација.