НЕКОЛКУ СОВЕТИ ЗА ВАШЕТО НОВО МИЛЕНИЧЕ-МАЧКА

Мачките се преслатки и интелигентни суштества. Иако се убави и нежни, мачките се независни и можат да се прилагодат на речиси секој начин на живот. Оставете го мачето да го истражува новиот простор за живеење, место за спиење, тоалет со песок, но внимавајте на него цело време.
Понудете му храна и вода и внимавајте додека не се смири и не заспие. Не дозволувајте да биде вознемирен и третиран како играчка. Во оваа фаза ќе биде под стрес бидејќи е во нова средина, одвоено од мајката . Затоа, нежно галете го, подгответе му топол кревет и мека играчка.
Мачките по природа се многу чисти животни, но треба да му покажете на новото маче какво однесување се очекува од него. Ставете го тоалетот за мачки на лесно достапно место, кое не е во близина на садовите за храна и редовно чистете го. Задолжително земете лопатка за чистење на песокот. По оброкот и после спиење, однесете го мачето во тоалет и почекајте да изврши нужда.
Мачињата треба да се хранат со неколку оброци на ден. Дознајте што јадело вашето маче пред да пристигне во својот нов дом и обидете се да го нахраните со тоа уште еден ден или два. Ако сакате да се префрлите на нова храна, направете го тоа со мешање стара и нова храна и постепено зголемување на количината на нова храна. Најдобар избор е суперпремиум
храната, која е совршено избалансирана и ги содржи сите состојки неопходни за здрав раст и развој на вашето маче. Свежата вода мора да биде постојано достапна за мачето.
Се препорачува мачката да се четка секој ден, особено ако е до долго влакно. Четкањето ќе ги отстрани вишокот влакна, нечистотијата и прашината. Четкањето, исто така, помага да се спречи формирање на влакненца во стомакот, но исто така ви обезбедува вам и на вашето домашно милениче непроценливо време поминато заедно. Капењето не е неопходно
но ако го навикнете мачето на оваа активност уште од мали нозе, тоа со задоволство ќе се согласи на тоа. Откако ќе го искапете мачето, добро исушете го и исчеткајте го.
Мачињата треба да се вакцинираат со повеќевалентни вакцини против вирусни заразни болести на мачки. Основната вакцинација се спроведува кај мачки постари од 9 недели двапати со интервал од 4 недели. Вакцинацијата се спроведува за да се одржи континуирана заштита. По основната вакцинација, доволно е да се вакцинираат мачки еднаш годишно. Против беснило може да се вакцинираат мачки постари од 3 месеци.

Чистење од паразити
Најчести форми кај мачките, особено кај мачињата, се Toxocara cati и Toxascaris leonina. Обично се долги 5-10 см, бели или малку кафеави во боја и наликуваат на шпагети. Ако има голема инвазија на овие паразити, мачката може да ги повраќа или да ги помине цели (неоштетени) во столицата. Покрај дигестивните проблеми, инвазијата на црниот дроб понекогаш може сериозно да ја оштети општата состојба на телото. Мачињата заразени со споменатите цревни паразити често имаат заоблен и надуен стомак и постојана желба за храна. Затоа, кај мачките кои живеат во стан, многу е важно да се врши редовно отстранување на црви и чистење на тоалетот за мачки.
Исто така, многу е важно да се делува превентивно против болви бидејќи тие се и носители на некои видови цревни паразити. За среќа, постојат ефективни лекови за лекување на повеќе од еден тип на цревни паразити. Во ветеринарната амбуланта Ветколл може да најдете ефективни препарати за отстранување на глисти кај мачките – во форма на таблети и ампули (вклучувајќи ампули кои истовремено делуваат против надворешни и внатрешни паразити).

Болви и крлежи

Маче може да собере болви насекаде. За да ги елиминирате, покрај мачето, мора да ја третирате и ,,целата куќа "- теписи, завеси, просторот зад лајсни, паркет, ќебиња и креветот на мачето. Многу е важно мачето истовремено да се третира против ендо – и ектопаразити, бидејќи болвите пренесуваат некои од развојните форми на тенија што е многу важно подоцна во староста. Доколку имате други животни во куќата, ве советуваме истовремено да ги третирате сите животни против паразити.
Сè во животот има свои предности и недостатоци, вклучително и стерилизација/кастрација на мачка. Факт е дека стерилизираните животни живеат подолг и поздрав живот од репродуктивно активните мачки, без разлика дали се домашни или на отворено. Стерилизацијата на женките, од ветеринарна гледна точка, се препорачува со цел да се спречи
репродукцијата и индиректно да се зачува здравјето на животното. Животниот век на стерилизираните мачки е двојно подолго. Кастрираниот мажјак нема да ја обележи својата територија и да остави непријатни мириси низ куќата. Исто така, тој нема да има потреба да талка и да се тепа со други мажјаци. Широко се верува дека кастрираните животни
стануваат дебели, мрзливи или депресивни, но стануваат такви поради прекумерно хранење и недостаток на движење и игра, а не поради стерилизацијата.
Резултатот од кастрацијата/стерилизацијата може да биде само еден – поубав и посреќен дом, бидејќи енергијата што мачката би ја потрошила за наоѓање партнер се пренасочува кон човекот и односот со него. Што се однесува до промените во однесувањето, поради намалувањето на нивото на половите хормони, мачките стануваат посмирени, помили Кај женките,
стерилизацијата спречува формирање на тумори на млечната жлезда, како и инфекции на матката, како и последователниот стрес што бременоста го носи сама по себе.