ЗОШТО КУЧИЊАТА ГО МЕНУВААТ ВЛАКНОТО?

Тоа е нормален и природен процес кај кучињата. Влакното не расте постојано , туку во неколку циклуси: период на растење, транзиционен период , период на одмор и период кога влакното останува во фоликулот како мртво влакно кое постепено се губи. Смената на влакното кај кучињата е мозаичен бидејки соседните фоликули се наогаат во различен
стадиум . Циклусите на обнова на влакното а со тоа и на целото крзно се контролирани од фотопериодот (светло/темно) температурата (лето / зиме, централно греење) хормони, генетика и општа здравствена состојба. Кучињата кои живеат надвор можат да го менуваат влакното природно во пролет и есен додека кучињата кои живеат во домашни услови го менуваат влакното преку целата година Во зависност од расата , едно куче може да произведе 60-180 грама на влакна на килограм телесна тежина секоја година, а бидејки секои влакно е 90 % протеини тогаш вие мора да помогнете во растот на влакното хранејки го вашиот миленик со високо квалитетна протеинска храна базирана на протеини од животинско потекло.
Исто така важни се и оптимален однос на омега-6 и омега-3 масни киселини помага во подршката на здрава кожа и влакно, биотин, цинк, витамини од Б групата итн. Наша препорака за суплемент за здраво,сјајно и густо влакно е препаратот ДЕРМАВЕТ од фирмата ДР. ВЕТ.

Доколку постои прекумерно опаѓање на влакното пропратено со црвенило на кожата, прекумерно чешање, или опагањето е само на одредени области-алопеции тогаш посетата на ветеринар е неопходна.