Правилната исхрана е од пресудно значење за здравјето. Денешниот брз начин на живот оневозможува готвење , но тоа бара и одредено познавање од нутриционизмот и физиолошките потреби на кучињата и мачките. Од таа причина е развиена индустријата за производство на дехидрирана храна . Под тој поим се подразбира избалансирана
и потполна храна од природни суровини кои во потполност треба да ги задоволат дневните потреби на нашите миленици. Одземена е водата за полесна манипулација и складиштење. Денес се нудат широк спектар на дехидрирани храни од кои треба да ја одберете најдобрата. Тоа зависи од староста, степенот на активноста и тежината на миленикот.
Зависи исто така и од здравствената состојба , бидејки кај посебни состојби потребна е посебна храна (скотност, доење ) или патолошки состојби (дијареа, алергии) посебна е посебна прехрана која ке ја препорача ветеринар. Веројатно сте споредувале две храни и сте помислиле: ,, оваа храна е многу слична но е поефтина, меѓутоа за споредување на проиводите потребно е да се прочита декларацијата и да се разбере што на неа пишува. Аналитичкиот состав покажува колку од поедини состојки се содржат во производот изразено во проценти, но не го пишува и нивниот квалитет и потекло. На пример: процентот на протеини може да биде добиен од месо, но и од кожа, перја и сл.
Затоа што и кожата и перјата се протеини. Во составот се наведени состојките од кои е направена одредена храна во зависност од процентот на застапеност и тоа почнувајки од онаа состојка која е најзастапена . На пример ако на прво место е пченката значи дека во храната е најзастапена.
ДА ЧИТАМЕ МЕЃУ РЕДОВИ
При споредбите на храните треба посебно да внимаваме на составот. Искористливоста на некоја храна зависи од квалитетот, енергетската содржина и сварливоста на состојките. Најдобро е да се избере храна во која првата состојка е протеин од животинско потекло, затоашто тие протеини се посварливи , повкусни и поквалитетни за разлика од протеините од
растително потекло. Состојките во Суперпремиум храните како што е ЕУКАНУБА поединечно се наведени како пилешко или јагнешко месо (со наведен %) додека на помалку квалитетна храна ке биде наведено како групно месо или месни нуспроизводи , без спецификација за кое месо се работи. Понатаму во составот , произведувачот мора да наведе и процентот кој е наведен во називот на производот. На пример: производите со повеке од 14 % пилешко месо се декларираат како ,, rich in chicken,, односно богати со пилешко
Оние со минимално 4% пилешко како ,, with chicken,, односно со пилешко додека оние со 0-4% пилешко се означуваат како ,,chicken flavor,, односно со вкус на пилешко
Еукануба во своите производи со пилешко содржи минимално 20% пилешко месо како главен извор на протеини а во производите со јагнешко содржи минимално 14% јагнешко месо . IAMS CAT –храна за мачки во поголемиот дел на своите производи содржи 87% пилешко месо како главен извор на протеини. IAMS kitten – 91% протеини од животинско потекло
ЗОШТО ЕУКАНУБА Е НАЈДОБРА ЗА ВАШЕТО КУЧЕ ИЛИ МАЧКИ
Поаѓајки од фактот дека мачките и кучињата се месојади и во својата исхрана им треба месо , суперпремиум храните како што е ЕУКАНУБА на прво место содржат протеини од животинско потекло како што е пилешкото , мисиркино или јагнешкото.
Овие состојки содржат сите есенцијални амино киселини, за разлика од протеините од растително потекло како соиното брашно или пченкареен глутен.
Еукануба освен протеините од животинско потекло содржат и оптимални количини на јаглехидрати,квалитетни масти, витамини, минерали.
ЗА ЦЕНАТА
Ако сте помислиле дека вашиот миленик треба да јаде поефтина храна затоа што економската ситуација го наложува тоа тогаш се лажете. Често нешто што е наизглед поефтино на крајната пресметка излегува дека не е така. Не морате во ова време на рецесија да отстапите од квалитетот , од супер премиум храната поради цената. Еукануба се базира на високо квалитетни протеини од животинско потекло кои се лесно сварливи, високо искориствливи па таквите храни кучето ги јаде во помали количини. Кога ке ја споредите цената на две храни важно е да знаете колку чини еден дневен оброк а не килограм од една или друга храна.