КИНОЛОГИЈА

ПЕРО БОЖИНОВСКИ – МЕЃУНАРОДЕН КИНОЛОШКИ СУДИЈА

 

Перо Божиновски е ветеринар, специјалист за мали животни и FCI All breed International судија (All round judge). Квалификуван e да ги суди сите раси, било која конкуренција, вклучително и, Јуниор хендлинг (Junior handling) , Најдобар во групи (BOG) и Најубаво куче(BIS).
Активен учесник е во развојот на македонската кинологија, каде има вршено многу функции во кинолошкото друштво во Скопје како генерален секретар и претседател во повеќе мандати, претседател на испитна комисија за кинологија, и претседател на Кинолошкиот сојуз на Р. на Македонија.
Бил претседател на Југословенскиот комитет на автохтони раси. Исто така бил и претседател на стручната комисија на Кинолошкиот сојуз на Република Македонија и претседател на комисијата за јавни испити. Во текот на својата кинолошка кариера работел со расата шарпланинец, германски овчар и златен ретривер.
Почнувајќи од првото национално шоу CAC, тој има учествувано во организирање на многу национални и меѓународни изложби на кучиња CAC – CACIB. Учествувал на повеќе од 100 европски и светски конгреси, семинари и научни собири во повеќе од 30 земји од ветеринарната област и кинологија каде има објавено многу научни публикации.
Тој е судија на FCI (All Breed International judge) и има судено во преку 44 земји низ светот на 4 континенти. Има судено и на европска изложба за кучиња.

  • Кинолошки активности (изложби, натпревари , испитување на вродени особини и др.)
  • Пријавување на легла во КСМ и вадење на родовници-педигриња за новородените кученца
  • Вонредно оценување на кучињата кои не се оценети , а сакаат да пријават легло за да кученцата добијат родовници
  • Посредување при вадење на еспорт родовници -(EXPORT PEDIGRE)  на кучиња увезени од други држави со ,,обичен родовник,,
  • Вадење на еспорт родовници на кучиња кои се извезуваат со родовник во други држави
  • Пренос на сопственост во родовникот
  • Издавање на членски карти за членување во кинолошко друштво
  • Совети за изложби : пријавување и презентирање на кучиња на изложбите

 

Контакт : 070/255-512 Перо Божиновски (меѓународен кинолошки судија )

е-маил: pero.bozhinovski@gmail.com